Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје минатата 2015 година ја заокружи со добивка во висина од 28.278.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на претходната 2015 година, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка во вредност од 17.498.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 758.745.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 353.688.000 денари, додека остатокот од 405.057.000 денари се остварени на странски пазари.