Добивка од 121.000 денари во 2015 година за Попова Кула

48

popova kula

Винарската визба Попова Кула минатата 2015 година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 121.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на претходната 2014 година, компанијата оствари добивка во вредност од 151.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви декември, достигнаа 48.659.000 денари, додека една година претходно беа 38.926.000 денари.