Градежната компанија Фабрика Карпош минатата година ја заврши со добивка од 18.806.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно Фабрика Карпош прикажа добивка од 8.849.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата во 2015 година достигнаа 647.405.000 денари. Од нив на домашниот пазар се реализирани 644.810.000 денари, додека на странски пазари се остварени 2.595.000 денари.
Фабрика Карпош се занимава со проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.