Уготур минатата година ја заврши со загуба од над четири милиони денари

112

ugotur

Компанијата Уготур во период од први јануари до 31-ви декември минатата година работеше со загуба од 4.173.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, компанијата оствари загуба од 3.120.000 денари.

Приходите од продажба во 2015 година беа на ниво од 21.489.000 денари, додека една година претходно достигнаа 24.516.000 денари.

Основната дејност на компанијата е подготвување, дистрибуирање и послужување на готови производи од областа на организирана исхрана на работници.