Тетекс од Тетово планира да реализира добивка од редовно работење по оданочување во висина 28.370.000 денари, стои во финансискиот план на компанијата објавен на Македонска берза.
Компанијата планира приходите од продажба да бидат на ниво од 288.851.000 денари.
Компанијата во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 47.148.000 денари, според неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.