Карбо Нова прокнижи загуба од четири милиони денари

45

karbo-nova

Акционерското друштво Карбо Нова од Крива Паланка во период од први јануари до 31-ви декември минатата година работеше со загуба којашто достигна 4.149.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, компанијата прикажа добивка во висина од 327.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на минатата година беа во вредност од 14.823.000 денари, додека во 2014 година достигнаа вредност од 7.180.000 денари.

Карбо Нова од Крива Паланка се занимава со вадење на камен и други рука којашто се применува во градежништвото.