Норвешка планира да инвестира скоро милијарда долари за изградба на велосипедски “автопати“

66

velosipedist

Норвешка ќе вложи 923 милиони долари во изградба на 10 пространи велосипедски патеки во деветте најголеми градови, со што ќе им овозможи брзо и сигурно возење на велосипедистите и тоа на долги релации, пишува Citylab.com.

Главната цел на овие велосипедски “автопати“ е двојно да се намали времето за патување. Но, вистински предизвик ќе биде да се направи возењето да биде удобно и пријатно во планинските предели, каде што во поголемиот дел од денот е темно и студено.

Велосипедските патеки ќе овозможат безбедно возење со брзина и до 40 километри на час. Доколку успее овој план, во тој случај во голема мера ќе се намали зависноста од употребата на автомобилите, што ќе предизвика и намалување на користењето на фосилни горива во Норвешка.