Интернешнел Хотелс прокнижи добивка од 2,8 милиони денари

46

kontinental-580x377

Интернешнел Хотелс АД Скопје минатата година ја заврши со добивка од 2.863.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2014 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.319.000 денари.

“На почетокот на 2015 година, менаџментот на компанијата презема активности за промена на ценовната политика, истата продолжи и во 2016 година. На почетокот на оваа година беа реновирани ресторанските сали, фасада, со тоа се подобри квалитетот на понудата и услугите во хотелот. Остварени се вкупно 29.304 ноќевања, што е за 6,43% помалку во споредба со 2014 година, кога се остварени 31.317 ноќевања за истиот период. Зголемената конкуренција на пазарот се одрази негативно врз финансиските резултати и намален број на ноќевања“, стои во Коментарот кон билансот на успех објавен на Македонска берза.

Интернешнел Хотелс е компанија што раководи со хотел Континентал во Скопје.