За Сковин минатата 2015 година заврши со добивка од 311.000 денари

22

skovin

Винарската визба Сковин во неревидираниот биланс на успех за 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 311.000 денари.

На крајот на 2014 година, Сковин оствари добивка во висина од 200.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 180.527.000 денари. Од нив на домашен пазар отпаѓаат 68.046.000 денари, додека поголемиот дел од 112.481.000 денари е остварен на пазари во странство.

“Оваа година Сковин во своето работење се соочи со одредени структурни промени, што треба позитивно да се одразат во наредниот период. Менаџментот на компанијата останува на определбите да се зголеми продажбата на флаширано вино, за сметка на наливно и да се фокусира на продажбата на производи коишто ќе ги задоволат специфичните вкусови на потрошувачите“, стои во Образложението кон финансиските резултати објавено на Македонска берза.