Naraffar – прва продавница во којашто нема вработени

50

handla

Самопослугата во Шведска од сега го има своето вистинско значење бидејќи е отворена првата продавница во којашто нема ниту еден вработен, пишува Al Jazeera Balkan.

Станува збор за продавницата Naraffar, којашто е отворена 24 часа и во нејзе нема ниту еден вработен. Жителите на неколку села во источна Шведска сите потребни прехранбени производи во оваа продавница ги купуваат со помош на апликација за iPhone, којашто го скенира производот и ја поврзува неговата цена со сметката на купувачот, а тој на крајот на месецот добива сметка за купените производи.

“Бев сам дома со моето дете и требаше да го нахранам, но во еден момент последната конзерва ми падна и храната за детето се растури по подот. Ме фати паника бидејќи во селото не беше отворена ниту една продавница, па морав да одам до град. Во тој момент одлучив во нашето село да има продавница којашто ќе работи нон – стоп. Секако, персоналот за таков вид на услуга е многу скап, па ја искористив технологијата да го решам проблемот“, изјави сопственикот на продавницата, Роберт Илијасон.

Вратата, од безбедносни причини, останува отворена само осум секунди, а продавницата е под постојан видео надзор. Се прави контрола на кредитните картички на новите купувачи, но концептот се заснован на доверба.

Сопственикот на Naraffar размислува за ширење на својот бизнис. Тој е уверен дека овој концепт на продавници има перспектива, посебно во земји во коишто хартиените пари веќе одамна ја загубија битката со електронското плаќање.