Вкупна сеопфатна добивка од 301.048.000 денари за 2015 година прикажа Мермерен Комбинат од Прилеп, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно компанијата оствари добивка од 422.101.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 1.004.968.000 денари, од коишто на домашен пазар се остварени 56.771.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 948.197.000 денари.