UV Pro shoe sanitizer е лабораториски тестиран производ што уништува 99,99% од непријатните мириси во чевлите што ги предизвикуваат бактерии или габи.
“UV Pro shoe sanitizer гарантирано ги дезинфицира и уништува 99,99% од непријатните мириси предизвикани од бактерии без користење на силни хемиски препарати. Не само што чевлите ќе бидат чисти, туку и вашата кожа ќе има корист од тоа“, вели Мајкл Флигил од Вашингтон, кој стои зад овој изум.
Овој уред овозможува безбедно и еколошко решавање на овој проблем, што не само значи ширење непријатна миризба, туку и предизвикува здравствени проблеми кај многу луѓе.
UV Pro shoe sanitizer користи УВ ламба што може да се користи околу 10.000 часови. Постојат три вида на уреди што може да се користат за различни видови на чевли: normal – стандардна УВ ламба што за 10 минути ги чисти чевлите; sport – за спортски патики, коишто со UV Pro shoe sanitizer се чистат за 20 минути, додека последните се Elite и се наменети за скапи и кожни обувки, како и за чевли изработени од специфични материјали. УВ ламбата се вклучува три минути, па се исклучува, а целиот циклус на чистење трае 12 минути.
UV Pro shoe sanitizer се најде на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, каде што првично беа побарани 40.000 долари поддршка, а беа собрани 60.990 долари.