Акционерското друштво Македонијатурист донесе Одлука за распределба на добивката за 2015 година, објавена на Македонска берза.
“Добивката по оданочување по годишна сметка на Македонијатуристи за годината што завршува на 31.12.2015 година, во износ од 135.758.074 денари се распределува на 28.500.000 денари за инвестиции и 84.200.641 денари за дивиденда и за дополнителни издатоци по одлука и Статут од 23.057.433 денари“, стои во Одлуката.
Дополнителните издатоци по одлука и Статут, како што се наведува, во бруто износ од 23.057.433 денари ќе се распределат со одлука на Надзорниот одбор на компанијата, во којашто ќе бидат утврдени поединечните износи на овие издатоци, според проценка на вложен труд и постигнатите резултати.
Средствата за награди за надзорниот одбор во бруто износ од 1.400.000 денари, како што стои во Одлуката, ќе се исплатат на товар на трошоците на компанијата.