Силекс со добивка од 53,7 милиони денари ја заврши 2015 година

51

sileks

Акционерското друштво Силекс од Кратово минатата 2015 година ја заврши со добивка во висина од 53.773.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2014 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка од 299.466.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 523.673.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 511.228.000 денари, додека на странски пазари во странство се остварени 12.445.000 денари.

Основна дејност на компанијата е рударство и вадење камен.