Компанијата Благој Ѓорев од Велес склучи договор со германската компанија CHR.BOCK & SOHN GmbH & Co KG за набавка на автоматска машина за пакување на пекарски индустриски маргарин во плочи од два килограма.
Машината, што ќе пристигне во септември, чини 430.000 евра коишто се обезбедени од рамковен кредитен лимит на компанијата во Стопанска банка АД Битола.
Со оваа машина ќе се пакува пекарски индустриски маргарин во плочи од два килограма, којшто го користат пекарите во нивниот процес на производство.