Соларен полнач со USB приклучок, Bluetooth звучници, доволно голем и организиран простор за сите потребни предмети… Сето тоа го нуди иновативниот ранец Lifepack на канадскиот старт – ап Solgaard design.
Ранецот има повеќе функции што го прават добро организиран и корисен за секојдневните работни обврски на модерните луѓе, кои поголемиот дел од денот го поминуваат надвор од канцеларија.
Lifepack има посебен додаток за заклучување што го прави ранецот безбеден, каде и да го остави корисникот, а дополнително со него може да се отвораат и шишиња. Во горниот дел од ранецот е поставен таканаречен solar bank – којшто во себе содржи соларен полнач со USB приклучок и звучници.
Одличната организираност и функционалност на Lifepack доаѓаат благодарение на двете прегради – едната за сите предмети што ја сочинуваат мобилната канцеларија (лап топ, таблет, бележници, бизнис картички…), а другата за приватни предмети како што се очила, облека и слично.
Lifepack се најде на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, од каде што побара финансиска поддршка од 20.000 долари, досега доби преку 210.000 долари, иако кампањата трае уште 29 дена.