Скопски саем и групацијата ТриГранит ќе го реализираат проектот ЕРА Сити

39

ec_pccМеѓународната групација Три Гранит и Скопски саем потпишаа договор за деловна соработка кој вклучува заедничка реализација на проектот ЕРА Сити.

Од Скопски саем соопштуваат дека според развојните планови на групацијата ЕРА планирана е изградба на нов градски шопинг центар, кој ќе биде изграден во непосредна близина на центарот на градот Скопје и вклучува шопинг и забавен центар, деловни објекти и хотел.

Претседателот на Управата на Групацијата ЕРА Гвидо Омладич изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот.

“Групацијата ТриГранит со своето знаење, искуство и успешни проекти, што се гледа од добиените награди Developer за 2012 година, доделена од страна на CEE Real Estate Quality Awards, ќе го надогради нашето партнерство на највисоко квалитетно ниво. Со целокупниот комплекс Скопски саем и новоизградениот ЕРА Сити сакаме заедно со ТриГранит да ја зајакнеме улогата на водечки понудувач на меѓународни настани и event индустрија во ЈИЕ. Со додавање забавни и деловни содржини ќе ги надоградиме постоечките дејности и ќе ја искористиме меѓусебната синергија и на тој начин ќе ја зголемиме атрактивноста и уникатноста на целиот комплекс”, истакна Омладич.

Арпад Торок извршниот директор на ТриГранит потенцираше дека нивната компанија има долгогодишни искуства за развој на нови градски шопинг центри.

“WestEnd Sity Center во Будимпешта, Бонарка во Краков или Познан Сити Центарот, кој се отвора оваа година, се одлични примери за нашите обемни референци во Средна и Источна Европа. Го развивме и проектот Арена Центар, најголем трговски-забавен центар во Загреб и Арена Загреб, повеќенаменска спортска арена, кои се слични со проектот на групацијата ЕРА во Скопје. Како партнер за развој на Групацијата ЕРА, способни сме да ги искористиме искуствата, кои ги стекнавме досега и во Република Македонија, која за нас е нов пазар”, рече Торок.

Извршниот директор на ТриГранит менаџмент Филип Еванс, потенцира дека со влегувањето на пазарот на Република Македонија го прошируваат не само нивното професионално портфолио, туку и сорботката при управувањето на саемскиот и изложбениот простор на нивното стручно портфолио.

Еванс додаде дека со потпишувањето на овој договор компанијата ТриГранит Менаџмент Корпорејшн го зајакнува присуството на Балканот.

Корпорацијата ТриГранит, како дел од соработката, со Скопски саем ќе биде вклучена во реализација на настаните на Скопски саем и Метрополис Арена како повеќенаменска мултифункционална изложбена хала.