Годишна седница на Собранието на Македонски Телеком

74

telekom

Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје на својата годишна седница, одржана на ден 12.04.2016 година ги усвои годишната сметка, ревидираните финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2015 година, стои во соопштението.

Собранието, на седницата усвои Oдлука за распоредување на нето добивката, остварена по Финансиските извештаи на Друштвото за 2015 година, подготвени во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија, во износ од 1.474.683.110 денари за исплата на бруто дивиденда.

Собранието на седницата  ја усвои и Oдлуката за исплата на дивиденда за 2015 година во вкупен бруто износ од 1.474.683.110 денари, односно бруто износ од 17,09 денари по акција (заокружено на две децимали). Македонски Телеком од бруто износот на дивиденда, каде што е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата.

Право на дивиденда за 2015 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на ден 06.05.2016 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 03.05.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 04.05.2016 година. Исплатата на дивидендата за 2015 година ќе се изврши до 30.09.2016 година.

Македонски Телеком АД – Скопје ќе ги информира акционерите  за исплатата на дивидендата со објава на веб страницата на Друштвото, како и со известување преку Македонската берза за хартии од вредност, по усвојувањето на Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2015 година и утврдување на дивиденден календар од страна на Собранието.

На седницата, Собранието донесе Одлука за распределување на задолжителната општа резерва во износ од 279.145.260,00 денари, кој ја надминува законски задолжителната општа резерва на Друштвото заради присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком АД – Скопје, во акумулирана добивка на Друштвото.

Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2015 година, а го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија на Друштвото за 2015 година.