Прва колектива тужба против три банки во Србија

74

pireus-bankaСрпското здружение на банкарски клиенти Ефектива, до Првиот основен суд во Белград поднесе тужба против три банки, со која се бара заштита на колективните интереси на банкарските клиенти, јавува Танјуг.

Како што е наведено во соопштението на Ефектива, се работи за прва колективна тужба во историјата на српското правосудство. Како што изјави претседателот на здружението Дејан Гавриловиќ, тужбата е поднесена против Хипо Алпе Адриа, Пиреус и ЕФГ банка.

“Причините за тужбата се засновани на исправување на последиците кои на корисниците на кредити остави, според нас, недозволеното договарање на валутна клаузула во швајцарски франци, како и едностраното менување на каматите и каматните маржи на странските банки”, стои во соопштението.

Здружението се надева дека иако тужбата конкретно се однесува на станбени кредити во франци, евентуалната позитивна пресуда во значителна мерка би им помогнала на сите клиенти, физички и правни лица кои ги користат останатите услуги на банките и лизинг куќи.

Ефектива ја повика Народна банка на Србија (НБС) да застане на страна на обвинителите и на тој начин до некаде да ги исправи последиците на своето пасивно држење, кое исто така придонело за тешката положба на банкарските клиенти. Но, НБС одговори дека не може да учествува во судски спор. НБС не може да се меша во работата на судството, но и судот не може да се меша во ингеренциите на регулаторите, нагласуваат од централната банка.