Од денеска Саем за туризам и Денови на образование и кариера

60

saem na turizam

На Скопски саем денеска започнува шестиот меѓународниот саем за туризам Скопје травел маркет и 19-тото издание на манифестацијата Денови на образование и кариера, пишува Миа.

На Саемот на туризам Скопје травел маркет 2016 се најавени  60 учесници. Ќе бидат претставени туристички дестинации, агенции, туроператори, хотели од општините во Македонија и од регионот, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, компании за производство на хотелска опрема и за софтверска поддршка на туризмот. Организаторот очекува оваа саемска манифестација да ја посетат околу 30.000 луѓе.

На отворањето на саемот се најавени претставници на Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, Стопанската комора за туризам, Советништвото за култура на Република Турција, од каде се најавени и 50 претставници на хотели и презентации на здравствениот туризам, како и претставници од Иран и од Црна Гора.

Во рамки на Деновите на образование и кариера, пак, високообразовните институции ќе ги претстават можностите за студирање во Македонија и во странство. Првпат ќе учествува и CMEPIUS – Агенција при Министерството за образование на Словенија, којашто ќе ги претстави своите активности заедно со четири словенечки универзитети – од Љубљана, Марибор, Приморска и Нова Горица. Годинава ќе има претставници и од универзитети од Грција, Чешка, Турција и Бугарија. Ќе бидат застапени и многу програми и проекти на меѓународни организации од областа на образованието и бизнис секторот.