Кучемати во Бугарија – оставаат празно пластично шише и добиваат храна за домашниот миленик

81

kucemat

Нов вид на вендинг машини се поставени на неколку места во приморскиот град Бургас во Бугарија, пишува Дневник.бг.

Овие машини се наречени кучемати, бидејќи секој сопственик на домашен миленик ќе може само со оставање на празно пластично шише во машината, да добие оброк и вода за неговото куче или маче.

kucemat 1

Овие кучемати во Бургас се поставуваат по иницијатива на општината и на тамошната Агенција за храна. Првите кучемати се поставени во близина на паркови за прошетка на домашни миленици.

“Доколку проектот биде одржлив, ќе поставиме вакви кучемати на повеќе локации. Со нив сакаме да создадеме еколошки навики и однос на децата кон животните“, изјави Димитар Николов, градоначалник на Бургас.