Стопанската комора одбележува 91 година од основањето

47

stopanska-komora-Стопанската комора на Македонија денес одбележува 91 година од основањето, како партнер и застапник на деловните интереси на стопанството во Република Македонија.

По повод  прославувањето на годишнината, Стопанската комора ќе додели признанија на компаниите и менаџерите кои во кризниот период, од 2008 година до денес, беа храбри да инвестираат во нови производни погони, и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство.

Стопанската комора претставува водечка бизнис-асоцијација, која егзистира од 1922 година. Членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети. Има околу 15.000 членки од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија.

Таа исто така е и социјален партнер за многу прашања што се од интерес за нејзините членки (работното законодавство, надворешно-трговската размена, даночниот и царинскиот систем, финансискиот систем, стручното образование).