Турција успешно извезува полжави и жабји батаци

231

polzaviТурција минатата година заработила 306 милиони долари од продажба на “непопуларни” производи кои не се консумираат на широко во земјата, според податоците на Министерството за шумарство и водостопанство.

Само од извоз на производи како полжави, жабји батаци и капари, земјата остварила околу 42,44 милиони долари, пишува Хуријет.

Според Министерството, Турција на светскиот пазар држи значително добра позиција со околу 4.500 различни видови на медицински и ароматични растенија.

“Турција обезбедува 90% од побарувањата за ловор и ловорово масло во светот, 65% од побарувачката на мајчина душица и 40% борови семчиња”, изјавија од министерството.