Компанијата Технокомерц во текот на првото тримесечје од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.496.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период претходната година, компанијата оствари добивка во висина од 670.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година беа 43.555.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 23.454.000 денари.