Пелистерка со загуба од седум милиони го заврши првото тримесечје

23

pelisterka-580x414

Компанијата Пелистерка, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна загуба од 7.042.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, загубата на компанијата била на ниво од 9.414.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од оваа година достигнаа 77.831.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 73.095.000 денари, додека на пазари во странство се остварени 4.736.000 денари.