БИМ Свети Николе со загуба од 1,3 милиони денари ги заврши првите три месеци

58

bim sveti nikole

Компанијата БИМ од Свети Николе во првото тримесечје од оваа година работеше со загуба од 1.349.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 6.493.000 денари. Загубата во овој период од 2016 година во однос на лани, според Образложението за остварени резултати, е намалена за 79,22%.

“Ваквиот финансиски резултат е последица на намалената продажна активност во зимскиот период поради сезонскиот карактер на работата во градежништвото и вградувањето на хидроизолациони материјали, додека режиските трошоци заедно со платите поделени со производството по единица производ се значително зголемени“, стои во Образложението.

Вкупните приходи од продажба од први јануари до 31-ви март беа на ниво од 48.439.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 20.884.000 денари, додека поголемиот дел од 27.555.000 денари е остварен на пазари во странство.

Главна дејност на компанијата е производство на материјали за хидроизолација на база битумен.