Во март издадени 196 одобренија за градење

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016 се издадени 196 одобренија за градење, што е за 17,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.925.448 илјади денари, што е за 23,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 116 (59,2%) се наменети за објекти од високоградба, 32 (16,3%) за објекти од нискоградба и 48 (24,5%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 196 објекти, на 120 (61,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 (38,8%) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 527 станови, со вкупна корисна површина од 42.545 м2.