Пи Ворлд го носи Marketing Kingdom во Скопје

51

c3d64180-7af5-44a4-8c49-f857b96fe350

По феноменалниот успех во 14 различни држави во Европа, Централна Азија, Блиски Исток и Северна Африка, Marketing Kingdom, еден од светските најголеми маркетинг настани, конечно доаѓа и во Македонија, на 30 септември во Скопје.
Еднодневната маркетинг екстраваганција започнува со презентација за креирање иконична содржина од Ања Јабуковски, генерален менаџер за Полска и Балтичкиот регион во Coca-Cola. Регионалните маркетинг професионалци коишто ќе присуствуваат на настанот ќе бидат во можност да ја слушнат извонредната презентација на Хедер Мичел, глобален директор на социјални медиуми и односи со јавност во Unilever Hair Care, потоа Џеси Рингам, менаџер за дигитални комуникации во Tate Museum, Ејми Греј, директор за туризам во Visit Britain и Џамал Ал Мавед, регионален менаџер на комуникации во Блиски Исток, Централна Азија и Латинска Америка во Rolls Royce Motor Cars.

Маркетинг Кингдом Скопје ќе заврши со презентацијата  за важноста од градење на цврста глобална репутација на Мери Џо Џејкоби, поранешен потпретседател на комуницкации во BP America и Патрик Џефсон најпродаван автор според New York Times и поранешен личен секретар на Принцезата Дајана.

Организиран од Пи Ворлд и прв пат одржан во Хрватска во 2011, денес Маркетинг Кингдом е еден од најбараните светски маркетинг настани. Конференцијата се одржува годишно во 14 различни држави, вклучувајќи ги Азербејџан, Катар, Турција, Грузија, Мароко, Либан, Египет и Јордан и претставува регуларен собир  за највосхитуваните брендови во светот.

За повеќе информации за агендата и цените за Маркетинг Кингдом Скопје, посетете ја официјалната веб страна на Пи Ворлд: http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje