Дебарски бањи Цапа донесе предлог одлука за исплата на дивиденда.
Дивидендата за 2015 година, во вкупен износ од 1.890.000 денари, ќе се исплати од добивката остварена по финансиските извештаи за минатата година.
Според предлог одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, бруто износот на дивиденда по акција е 90 денари.
Датумот на пресек на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2015 година е 29.06.2016 година. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 24.06.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 27.06.2016 година.