За три месеци Скопски пазар прикажа добивка од 5,5 милиони денари

47

skopski-pazar

Акционерското друштво Скопски пазар, во текот на првиот квартал од оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.500.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до март минатата година, Скопски пазар оствари добивка од 10.924.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година беа 179.084.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 256.295.000 денари.