Градежната компанија Гранит од Скопје, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 13.380.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Гранит истото тромесечје лани оствари добивка од 12.517.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во текот на првите три месеци од оваа година достигнаа 517.133.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 484.743.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 32.390.000 денари.
Оваа ставка во првото тримесечје од 2015 година имаше салдо од 507.594.000 денари.