Компанијата Waverly Labs од Њујорк го создаде првото паметно апаратче што може да се носи во уво и да преведува четири јазици во реално време, пишува Gizmag.
Малечката направа е наречена Pilot и истата ќе се биде достапна за купувачите од септември. Со нејзина помош корисникот ќе може да го разбере соговорникот додека зборува. Тоа е овозможено благодарение на апликација со којашто може да се избере еден од достапните јазици: англиски, француски, шпански и италијански.
Гаџетот доаѓа со дополнително апаратче за безжичен стриминг систем за слушање на музика и работи и кога нема интернет. Цената изнесува 129 долари.