Србија годишно губи околу 50 милиони евра поради тоа што не се рециклираат старите автомобили, пишува РТС.
Во следните неколку години, како што се наведува, се очекува измена на законската регулатива. Најголема новина ќе биде половните автомобили од увоз да мора да имаат еколошка такса како и новите возила.
Парите собрани од еколошката такса би требало да се искористат за да може сопствениците кои сакаат да ги рециклираат нивните автомобили да добијат стимуланс и наместо на отпад, возилата да ги однесат во центар за рециклирање.
Парите од рециклираните автомобили мора да се вложат во нова технологија, мрежа на полначи на еколошки автомобили, но и за субвенции на оние кои сакаат да купат електрично возило.