Ново во Медикус Хелп: RED WAVE бермуди – ефикасни бермуди во борба против целулитот

62

thumbnail_medicus 2 red wave

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата и размената на материите, пред сè од задржување на вода во ткивата.

Целулитот е проблем со кој се соочуваат дури 80% од жените. Појавата на целулит може да биде и генетски условена, но на настанувањето влијаат и други фактори како што се специфични физиолошки процеси поврзани со пубертет, бременост и менопауза кога се јавува дисбаланс на хормоните, гојазност, неправилна исхрана, недостаток на физичка активност и др. Процесот за настанување на целулит е добро познат. Мaсните клетки на поткожните ткива кои создаваат залиха на маснотии се групираат, па со нивно зголемување на површината на кожата се појавува „кора од портокал“.

медикус 2

Прво се создаваат едеми (отоци) и почетни промени на крвните садови и собирање на меѓуклеточни течности. Кожата губи еластичност и цврстина, симптомите на првиот стадиум се влошуваат и масните клетки се зголемуваат, а со тоа ја отежнуваат циркулацијата. Отежната е и размената на течности, се акумулираат штетни и отпадни материи, кожата станува бледа и студена на допир.

Масните клетки сè повеќе се зголемуваат. Вршат притисок на крвните и лимфните садови, нарушувањето се проширува на средниот слој на кожата, а на кожата почнува да ѝ недостига кислород. Јазлите се сè повеќебројни и на допир лесно се чувствуваат под кожата. Кожата е бледа, студена, а може да се појават и стрии.

Не го потценувајте проблемот.

Што поскоро преземете сè, за да му го вратите првобитниот изглед на вашето тело, а воедно и да го спречите напредувањето на целулитот.

Важно е да си поставите цел која можете да ја остварите.

Водени од желбата да помогнеме во решавањето на овој проблем, кој освен естески може да стане и физиолошки, Медикус Хелп – ПРИЈАТЕЛ НА ЖИВОТОТ, во својата палета на производи ги воведе RED WAVE бермудите како производ за борба против целулитот.

medikus 3

Со компресивните бермуди со тродимензионална брановидна текстура и ткаење на материјалот се овозможува микромасажа која ја помага микроциркулацијата и го елиминира вишокот на течности. Со тоа се намалува обемот на деловите на телото додека истовремено се има чувство на кожа која дише. Материјалот содржи и минерален адитив кој стимулиран од природната телесна енергија неа ја претвора во инфрацрвени зраци и ги праќа назад во кожата. Двојниот ефект на зраците во синергија со микромасажната ткаенина овозможува

  • дишење на клетките
  • подобар метаболизам помеѓу крвта и кожата
  • делува ефикасно против создавањето на целулит
  • бедрата, задникот и стомакот добиваат подобра форма и изглед

За постигнување на естетски ефект се препорачува носење на бермудите барем 8 часа во текот на денот, а пред легнување се соблекуваат.