Дивиденда за акционерите на Адинг

51

ading

Адинг донесе предлог одлука за распоредување на добивката остварена по годишна сметка за 2015 година.

“Нето добивката се распределува на следниот начин: 20 денари по акција за нето дивиденда на акционерите, за награди на членовите на управен одбор и остатокот за плаќање на персонален данок на дивидендите и нераспределената добивка“, стои во предлог одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 27.06.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за истата година е 28.06.2016 година. Датум на пресек на книга на акции е 30.06.2016 година, додека исплатата на дивидендата ќе биде во законскиот рок.