Helpmet – кацига што детектира сообраќајна несреќа и алармира

50

helpmet

Во Тајланд, 80% од луѓето што гинат во сообраќајни несреќи се возачи на мотоцикли. За да ја намали оваа бројка, тајландската Фондација за промоција на здравјето, заедно со агенцијата BBDO Бангкок ја дизајнираа кацигата Helpmet.

Овој заштитен шлем користи технологија за детектирање кога возачот ќе доживее сообраќајна несреќа и има вградено GPS и мобилен пристап за алармирање на екипите за итна помош. Кога шлемот ќе детектира удар со сила што може да предизвика губење на свеста, испраќа СМС до Националниот центар за итна помош. Пораката содржи локација на возачот и информации за него.

Најголемиот дел несреќи со мотоцикли во Тајланд се случуваат по рурални патишта, па тимот што стои зад Helpmet се надева дека на овој начин ќе се намали бројот на жртви, преку побрзо и со поголема точност алармирање на медицинските служби.