Дивиденда за акционерите на Прилепска пиварница

131

prilepska pivarnica

Прилепска пиварница донесе одлука за распределба на нето добивката остварена во текот на минатата година во износ од 150.952.098 денари.

Според одлуката, за дивиденда за акционери на обични акции се одвојуваат 16.831.480 денари во бруто износ, 266.099 денари за дивиденда за акционерите на приоритетни акции, додека најголем дел од добивката или 133.854.519 денари ќе се распореди за инвестиции.

Прилепска пиварница донесе одлука за утврдување на датумот за исплата на дивиденда за 2015 година.

“Согласно одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишна сметка за 2015 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2015 година во висина од 428,50 денари бруто за една акција“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 22.06.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 23.06.2016 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2015 година е 27.06.2016 година. Исплатата на дивиденда за минатата година ќе биде најдоцна до 30.09.2016 година.