Кои се најуспешните туристичко – угостителски фирми во земјава?

57

Министерството за економија вчера објави кои се најуспешните во туристичко-угостителски фирми во земјава за најдобри постигнувања во туристичко-угостителскиот сектор, по повод Светскиот ден на туризмот.

Туристичките агенции ЕТЦ-Травел и Фибула, скопските хотели Хамбург и Холидеј ин и струшкиот Макпетрол се прогласени за најуспешни во туристичкиот сектор за годинава. Најуспешни туристички настани за 2012 година се Галичка свадба, Звуците на чаршијата и Пивофест.

Минатата година во однос на 2010 година бројот на туристите е зголемен за 10,5%, а ноќевањата за 7,6%. Туристичкиот нето-девизен прилив, потсети Сарачини, во 2011 година споредено со 2010 забележа раст за 21% и изнесуваше 240 милиони долари. Во првата половина од годината во однос на истиот период лани статистиката евидентирала раст на бројот на туристите за 7,8%, од кои кај странските за 10,9%, а кај домашните за 3,2%. Во тој период кај домашните туристи се бележи зголемување за 0,9%, а кај странските за 10%.