Веге – бургер со вкус и арома на месо направен од растенија

75

burger
Компанијата Impossible Foods со седиште во Силиконската долина во Сан Франциско, го престави својот веге-бургер што на прв поглед и вкус ни малку не се разликува од традиционалниот бургер со месо. Сепак, она што го прави различен и многу поздрав е тоа што истиот е направен исклучиво од растенија и плодови.

За да го создадат овој оброк, тимот работел три ипол години трагајќи по состојката што го прави месото вусно и сочно и откривајќи протеини и хранлииви материи од растенија. Така тие дошле до таканаречената состојка heme, којашто покрај месото ја содржеле и разни други плодови, како на пример кокосот и дињата медлика.

Процесот на подготовка започнува со разни зрна од жито, грав и зелен зеленчук, пришто се двојат оние протеини, масти и други хранливи состојки што ја прават храната вкусна. Потоа тие се комбинираат со витамини, амино киселини и масти од растенија. За свежината на вкусот се додава и авокадо, карамелизиран кромид, вегетаријански мајонез и вкусниот оброк се служи на лепче од компир. Бургерот не содржи холестерол, хормони и останати додатоци што обично ги има кај брзата храна.

Основач е Патрик Браун, кој минатата година успеа да собере 108 милиони долари од инвеститори, вклучувајќи го и Бил Гејтс.