AiraWear е иновативен блузон којшто го масира неговиот корисник, додека тој ги извршува секојдневните задачи.
Блузонот е опремен со уреди за воздух под притисок коишто се шират и на тој начин го масираат корисникот. Со AiraWear се управува со помош на мобилна апликација, се полни со USB полнач, а батериите траат околу три часа.
AiraWear може да се носи на работа, дома, при патување, возење, извршување на секојдневните обврски…
На глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, иновативниот блузон успеа да собере 155.413 долари.