Нешто повеќе од една третина од хрватските компании иновираат, а две третини не воведуваат иновации, покажува истражувањето на Државниот завод за статистика.
Во периодот 2012 – 2014 година, 35,2% од анкетираните 4.498 компании вовеле барем една иновација. Иновативни се скоро две од три големи компании, нешто помалку од половина средни и нешто помалку од една третина мали.
Најмногу иновации вовеле производните компании, 41%. Најчесто иновациите се во вид на набавка на опрема, софтвер, објекти (83,9%).
Неиновативните фирми можат да се поделат во две групи според причината поради која не вовеле иновации – на оние што немале причина за воведување иновации и на оние што планирале, но пречките биле големи. За првата група клучен фактор за неиновативност е слабата побарувачка за иновации на пазарот, додека за втората група најголем удел имаат потешкотиите во добивање државна помош или субвенции за иновации.