Податоците од овогодинешното рангирање на најголемите компании во Бугарија на магазинот Капитал 100 покажуваат раст на приходите на гигантите во бизнисот во 2015 година.
На прв поглед, растот на приходите на најголемите бугарски компании е скромен – едвај 3,3%, што скоро се совпаѓа со растот на економијата за минатата година од 3%. Но, зад овој навидум умерен резултат, всушност се кријат доста позитивни трендови, пишува Капитал.
Податоците покажуваат дека има простор за повеќе оптимизам – резултатите на најдинамичните компании се подобруваат, просечната стапка на профитабилност кај најпрофитабилните има двојно отскокнување – од 10% на 20,8%. Ситуацијата на пазарот на трудот исто така се подобрува, минатата година две третини од стоте најголеми работодавци отвориле скоро 7.000 нови работни места, што е речиси една четвртина од сите вработувања во 2015 година.
Традиционално, во првите десет доминираат компании од секторот енергетика. Ова е рангирањето на првите 10, подредени по азбучен ред:
Аурубис Бугарија
Булгаргаз
Експрес логистика и дистрибуција
Кауфланд Бугарија
Лукоил Бугарија
Лукоил Нефтохим Бургас
Национална електрична компанија (НЕК)
ОМВ Бугарија
Сакса
ЧЕЗ електро Бугарија