Liddiard wheels – иновативни гуми за беспрекорно паралелно паркирање

23

cumkmobpnmzparb3mruz

Liddiard wheels се изум на канадскиот иноватор Вилијам Лидиард. Станува збор за сет на гуми коишто му овозможуваат на автомобилот да се движи за 360 степени во место, пишува Gizmodo.

Прототипот на овие гуми Лидиард ги постави на неговиот автомобил, по што направи видео снимка на којашто се гледа начинот како функционираат. Доколку се развијат и почнат да се произведуваат овие гуми, во голема мера би можеле да го олеснат паралелното паркирање.

Гумите можат да се постават на било кој автомобил, а се прилагодливи на секакви временски услови.