Француски Danone купи американска компанија за органска храна за 12,5 милијарди долари

87

danone

Францускиот производител на млечни производи Danone ја купи американската компанија за производство на органска храна White Wave Foods Co, пишува Wall Street Jorunal.

Danone понуди 56,25 долари по акција во готово, па вкупната вредност на понудата заедно со долговите на американската компанија достигнува 12,5 милијарди долари.

White Wave е американска компанија со седиште во Колорадо, којашто е една од брзорастечките компании во последните години. Минатата година забележа профит од 168 милиони долари. Danone во своето портфолио ги има познатите брендови како што се Actimel и Activia, а со ова преземање ќе има полесен пристап до специфичните пазари во Русија и Бразил.