Во Струмица отворена втората Coca – Cola активна зона

44

5d0c08cb-629f-42e6-8c58-241a3a2a5434

Во градскиот парк во центарот на градот, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Струмица ја пуштија во употреба втората Coca-Cola aктивна зона. Отворањето на активната зона во Струмица е во рамките на долгорочниот проект Coca-Cola активни зони, кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.

Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

“Со проектот Coca-Cola активни зони ја продолжуваме долгогодишната мисија и традиција на Пивара Скопје и Coca-Cola за промоција на спортот и редовната физичка активност. Во рамките на овој значаен проект, денес во Општина Струмица, поддржани од локалната самоуправа и организацијата Отворени забавни фудбалски школи, ја отворивме и втората Активна зона во Македонија. Особено ни е драго што и граѓаните на Струмица добиваат можност да се рекреират и спортуваат во текот на целиот ден. Летово ќе продолжиме со реализација на проектот Coca-Cola активни зони, кој е од огромно значење за зголемувањето на физичката активност кај сите граѓани”, изјави г-дин Јован Радосављевиќ, генерален директор на Пивара Скопје АД.

“Особено ни е драго што Општина Струмица е дел од овој проект кој на граѓаните им овозможува простор за рекреација и редовно спортување. Со поставувањето на Coca-Cola активната зона во Струмица го зајакнуваме нашето партнерство со Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата и заедно продолжуваме да работиме кон создавањето здрави животни навики кај сите категории на граѓани”, изјави г-дин Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено и ќе бидат 24 часа достапни за користење.

Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје и Струмица, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп, Тетово и Охрид.