Златара Рубин прокнижи добивка од 113.882 денари во 2015 година

78

denari 1

Акционерското друштво Златара Рубин минатата 2015 година ја заврши со нето добивка од 113.882 денари, покажуваат податоците објавени на Македонска берза.

Вкупните приходи на компанијата лани достигнаа 66.140.495 денари, а добивката пред оданочување беше на ниво од 159.845 денари.

Златара Рубин е мало акционерско друштво коешто котира на слободниот пазар на Македонска берза.