Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира обука за можностите за финансирање преку програмата Хоризонт 2020 наменета за корисниците на грантови од првиот и вториот јавен повик на Фондот, јавува Миа.
Целта на обуката е да се запознаат корисниците на грантови со веќе успешни практики во подготовка и имплементација на проекти од оваа програма со што ќе се овозможи солидна основа за идни успешни проекти и мобилизација на средствата од оваа програма.
Можностите за финансирање преку програмата ќе ги презентира д-р Питер Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност, како и трансфер на технологии и воедно советник за јакнење на капацитетите на ФИТР.