Фондација Бил и Мелинда Гејтс, на основачот на Microsoft Бил Гејтс, ќе донира пет милијарди долари на Африканскиот континент во следните пет години, пишува New York Times.
Филантропската фондација во последните 15 години веќе инвестираше повеќе од девет милијарди долари во Африка, од кои најмногу се наменети за здравствениот сектор.
Гејтс одржа годишно обраќање во Јоханесбург во чест на Денот на Нелсон Мандела, кога жителите на Јужна Африка се поттикнуваат да посветат 67 минути од нивното време помагајќи им на другите.
Меѓу другото, тој напомена дека има уште многу работа во борбата против сидата на овој континент и дека спасот лежи во ангажираноста на младите луѓе, кои за жал се најпогодени од оваа страшна болест.
Според податоците, во Јужна Африка моментално половина од ХИВ позитивните пациенти се снабдуваат со лекарства.