Тетово стана дел од големиот проект Coca-Cola активни зони, којшто започна да се реализира во повеќе општини ширум земјава. Во рамките на Спортскиот центар, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Тетово ја пуштија во употреба третата Coca-Cola активна зона.
Активните зони се донација од Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, со која се обезбедуваат рекреативно – спортски зони на отворено, опремени со најпрофесионални фитнес справи, поставени на соодветни локации и достапни 24 часа на сите граѓани.
“Coca-Cola активните зони е најновиот од низата успешни проекти на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, кои ги реализираме како дел од нашата долгогодишна мисија за промоција на здравиот и активен живот. Проектот го реализираме во соработка со Отворени забавни фудбалски школи, а со поддршка на локалната самоуправа. Coca-Cola активни зони е голем проект, што има огромно значење на долгорочен план и има за цел кај граѓаните да поттикне уште поголема иницијатива за физичка активност, спорт и рекреација. Досега во рамките на проектот отворивме две активни зони, а на наше огромно задоволство денес се наоѓаме на отворањето на третата Coca-Cola активна зона во Македонија, во Општина Тетово. Во текот на летово ќе отвориме Coca-Cola активни зони во уште неколку градови низ земјава, со што продолжуваме да ја шириме нашата мисија, со цел да ја доближиме нашата идеја што поблиску до сите граѓани”, изјави Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации на Пивара Скопје.
“Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција и реализација на голем број проекти. Покрај тоа, ние сме и една од најуспешните Општини во Македонија на спортски план и навистина сме благодарни што Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата го препознаа нашиот успех и токму нашата Општина стана дел од првите пет општини кои ќе добијат активни зони годинава. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација и редовно спортување“, изјави Ахмет Ќазими, шеф на одделот за спорт, култура и образование при Општина Тетово.
Проектот е дел од глобалната платформа на Coca-Cola за промоција на активен живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје, Струмица и Тетово, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп и Охрид.