Компанијата Метро ланската година ја заврши со добивка од над 14 милиони денари

53

Metro_SLIDE-3

Компанијата за производство, складирање и дистрибуција на замрзната риба и морски плодови, Метро, минатата 2015 година ја заврши со добивка во висина од 14.188.771 денари, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Македонска берза.

Добивката во текот на претходната 2014 година беа на нив од 12.816.311 денари.

Вкупните приходи на компанијата во 2015 година достигнаа 560.544.864 денари, додека една година претходно имаа вредност од 574.396.009 денари.

За исплата на дивиденда, Метро ќе одвои 7.965.164 денари, што во вредност по акција е 3.587,91 денари. Истиот период лани, компанијата исплати дивиденда во висина од 1.020.370 денари.